ФК Вардар купен за “само“ 32.500 евра!!!

4670

Од вчера и официјално ФК Вардар има нов сопственик. Имено,како што пишува “Фактор“, на берзата купени се сите 100 акции, па така новиот газда на нашиот најголем фудбалски бренд за само 32.500 евра успеа да го има под свое. Инаку една акција вредела 20.000 денари и сите 100 се купени од еден сопственик, односно имало блок трансакција, а сето тоа вредело нешто повеќе од 32.500 евра или околу 2 милиони денари. Интересно е тоа што се уште официјално не е познато името на новиот сопственик на Вардар, тоа допрва ќе се допишува во официјалните документи, а познато е дека досега сопственик беше бизнисменот Сергеј Самсоненко.

Сепак се знае одамна, а има и одлука на градските власти, дека фирмата “Блу Скај“ сега раководи со ФК Вардар.

Инаку новиот сопственик со купувањето на клубот го презеде и долгот од околу 3 милиони евра.

Да кажеме и тоа дека за купување на акциите на ФК Вардар, како што објави Спортмедиа, имаше интерес од Милан Мандариќ, пзонатио балкански тајкун кој до пред кусо време беше и газда на Олимпија Љубљана.

ПретходноКФСМ попладнево ќе одржи Годишно Собрание
СледноСуарез почна преговори за продолжување на договорот со Атлетико (М)