Чудно, но вистинито – Менхенгладбах го „растури“ Баерн со 5:0! (видео)

181

FOTO> Twitter/Gladbach

Звучи неверојатно, но е вистина. Борусија Менхенгладбах го совлада најтрофејниот германски клуб Баерн со 5:0 и го исфрли од Купот на Германија. Денеска во рамките на 1/16 финалето Менхенгладбах ја изрешета мрежата на актуелниот шампион.

А Баерн настапи со силен состав, со Ноер на голот, Левандовски во нападот, Милер, Гнабри и Сане како полушпицови, Горецка и Кимих како играчи за врска, Упамекано, Ернандез во одбрана…

Коне во 2. минута ја начна мрежата на „баварците“, а до 21. минута Бенсебаини со два гола зголеми на 3:0. Во второто полувреме два гола на Брис Емболо, во 51. минута и 58. минута.

Ова е првпат Менхенгладбах да го победува Баерн со 5:0 по сезоната 1973/74.

Во германскиот куп Баер Леверкузен доживеа елиминација од второлигашот Карлсруе со поразот од 1:2. Понатаму пројде Бохум откако на пенали го елиминира Аугзбург, Ст.Паули и Унион кои по продолженија ги елиминираа Динамо Дрезден односно Манхајм.

Во следната фаза патуваат уште Келн и Хановер.

А вчера место понатаму обезбедија Минхен 1860, РБ Лајпциг, Хофенхајм, Херта, Борусија Дортмунд, Мајнц, Хамбургер и Фрајбург.

ПретходноКил со цел плен од Скопје – го турна Вардар во длабока криза
СледноИнтер со цел плен од Емполи, Лацио ја порази Фиорентина (видео)