Јанта волеј КВ против Наковски волеј во дербито на коло!

167

Јанта волеј Кисела вода и Наковски волеј ќе го одиграат дербито на третото коло во Првата женска одбојкарска лига. Поуспешниот ќе го задржи максималниот биланс, а поразениот најверојатно ќе оди две места подолу затоа што е реално да се очекува дека Работнички Скопје утре ќе слави на гостувањето кај Универзитет во Тетово, исто како и Струмица жени на теренот на Вардар жени. Во Скопје ќе биде одигран и дуелот меѓу Фит фан волеј и Пелистер волеј, а во него домашната екипа ќе го напаѓа првиот, а битолчанки вториот успех сезонава. Актуелниот шампион, Јанта волеј Кисела вода и Наковски волеј се на највисоките позиции на табелата, со напомена дека тимот од главниот град заработи подобар сет-количник. Работнички Скопје, исто така, има биланс 2-0, на 1-1 се Струмица жени и Пелистер волеј, додека, пак, другите се уште немаат триумф.

Во машка конкуренција, Шкендија, Јанта волеј и ГОК Борец ќе се обидат да ја остварат третата победа во третиот настап. Тетовци денеска ќе го пречекаат Штип УГД со надеж дека ќе го задржат водечкото местопред дербито со Струмица 47&72, Јанта волеј ќе сервира против Лирија во своја сала, а ГОК Борец утре ќе ја имапредноста на домашната поддршка против Дибра волеј. Како и првопласираното трио, првакот Струмица 47&72 има максимален ефект, со тоа што досега играше само еднаш, што значи дека средбата со Вардар во салата „Парк“ ќе биде соочување за вториот сезонски триумф во одбраната на тронот. Весна Пробиштип и Македонија Џио досега не се радуваа, па вомеѓусебниот меч се надеваат дека ќе го скршат мразот.

Прва лига (мажи), 3.коло

Струмица 47&72 – Вардар (денеска, 18.00)

Шкендија – Штип УГД(денеска, 20.00)

Јанта волеј – Лирија (денеска, 20.00)

ГОК Борец – Дибра волеј (утре, 17.00)

Весна Пробиштип – Македонија Џио (утре, 18.30)

***Слободнае екипата на Универзитет во Тетово

Прва лига (жени), 3.коло

Јанта волеј КВ – Наковски волеј (денеска, 18.00)

Вардар жени – Струмица жени (денеска, 18.45)

Универзитет во Тетово – Работнички Скопје (утре, 19.00)

Фит фан волеј – Пелистер волеј (утре, 17.00)

Фит фан волеј – Пелистер волеј (утре, 17.00)

Втора лига (жени), 1.коло, (вторник)

ТЕ волеј – Јанта волеј Форца 0:3 (18:25, 23:25, 22:25)

ПретходноЕл Салвадор не кани на пријателска во Лос Анџелес
СледноКФСМ го усвои финансискиот извештај за 2020 година