Во меч од 5. коло на регионалната ВАБА лига, кошаркарките на Бадел 1862 вечерва гостуваат во Белград против екипата на Партизан. Нашите кошаркарки имаат една победа на минатите четири средби исто како и противникот. Во обид да се направи изненадување, тренерот на „баделки“, Перо Стамески, пред денешниот дуел вели:
„Во петтото коло од ВАБА лигата, воедно и последен натпревар од првиот дел, играме со Партизан, млада, перспективна и талентирана екипа, која игра крајно агресивно во текот на целиот натпревар, и ќе биде многу негоден противник, потпомогнат и од домашен терен и својата публика. Се надевам на далеку подобра игра на нашата екипа во однос на играта на средбата со Пламен Пожега. Со борбена игра и ќе имаме можност да ги задржиме шансите за успех. Ќе дадеме се од себе, и на крај нека победи подобрата екипа“.
Дуелот попладнево стартува од 18 часот.