Зад Вардар 1961 во Лигата на шампиони е навистина тежок период, по импресивниот старт, актуелниот македонски првак влезе во серија од два порази, еден на домашен терен од Монпеље и еден од Алборг на гости.
Вечерва (20:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ тренерот Веселин Вујовиќ посакуваат излез од кризата, а за противник ќе го имаат бундес-лигашот Кил. Гостите во Скопје доѓаат без двајца ракометари, Сандер Сагосен и Стефан Вајнхолд, кои се Ковид-позитивни.
Ова ќе биде голем плус за „црвено-црните“ кои засега немаат проблеми, па останува да се исполни поставената задача. Вујовиќ потенцира дека Вардар 1961 мора да почне да победува и кога не игра добро.
Засега како главен проблем се промените во составот, што пак според тренерот не треба да бидат оправдување.
„Сакам да победуваме и кога не играме најдобро. Не треба да бараме оправдувања, сите знаат дека ние сме нова екипа. Ние сме мотивирани, од тренерот до играчите, сигурен сум дека не треба да ги повикувам навивачите да дојдат во сала, ќе дадеме се од себе да го победиме фантастичниот Кил без разлика што не доаѓа во комплетен состав. Најважно е Вардар да одигра добар меч, да го покажеме својот квалитет.
Кил е скап тим, сите играчи се репрезентативци не некоја земја, актуелен првак на бундес-лига и европски првак од пред година дена. Но, Вардар со својата историја не смее да дозволи да врзи неколку порази, тоа не е вистинска екипа, таа серија мора да ја прекинеме, дали ќе бидеме Кил или Сегед, нашата желба и емоции нема да го дозволи тоа. Имаме победници, ќе дадеме се од себе. Луѓето ќе знаат да ја препознаат нашата борба, мора да имаат трпение, Вардар е направен пред месец дена“, изјави Вујовиќ.
Вардар 1961 пред оваа средба влегува како шестопласиран тим во групата А, Кил е на третото место со седум бода, два повеќе од македонскиот првак.
Билети за оваа средба и натаму има, истите можат да се набават на билетарницитево СЦ „Јане Сандански“.