Вардар 1961 по првото полувреме против Кил во рамките на 6. коло во Лигата на шампиони има позитива од три гола (13-10).
Еден пинаков Вардар на теренот. Во СЦ „Јане Сандански“ не може да биде поинаку, македонскиот првак засега е одличен против бундес-лигашот. Одбраната е на далеку повисоко ниво од дуелот со Алборг. Избраниците на Веселин Вујовиќ делуваат полетно, Дибиров и Томовски одлично го водат тимот. Дибиров има седум гола, Томовски 12 интервенции.
Дувњак прв го отвори дуелот, но Вардар со три гола во низа поведе со 3-1. Томовски во првите осум минути запиша три одбрани, доволно да ја вжешти атмосферата во салата, да ги повлече соиграчите.
Мал пад во играта, Кил го искористи за израмнување на 3-3. Водството се промени неколку пати, но Дибиров, секогаш наоѓаше начин како да го држи својот тим во игра.
Со неговиот седми погодок и првиот гол на Талески, Вардар поведе со 12-10 во 29. минута. По промашувањето на Дувњак, Кевин Њокас зголеми на 13-10, доволна позитива за продолжение на дуелот.