Динамо и Ристовски со многу мака до куп четвртфинале

100

Екипата на Динамо Загреб за која во стартниот состав настапи нашиот репрезентативец Стефан Ристовски успеа на гостински терен со многу мака и гол постигнат во на дваесетина минути до крајот, со конечни 2:3 да го совлада нисколигашот БСК Бјело поље и на тој начин да обезбеди четвртфинале во националниот куп на Хрватска.

Оваа осминафинална фаза за Динамо можеше многу лесно да биде фатална затоа што по стартното водство од уште во втората минута, домашните направија пресврт и поведоа со 2:1 уште пред полувреме. Сепак Андриќ и Оршиќ не дозволија сензација, па го свртеа резултатот во корист на гостите и Динамо мина во следната фаза.

 

ПретходноЈашароски: Скопје може многу сезонава, посакуваме победничка серија
СледноМАРЈАН И ИВИЦА ЌЕ ВОЗАТ НОВИ СКУТЕРИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА 2win.mk