Кошаркарите на Далас ја остварија првата домашна победа сезонава, откако во тексашкото дерби со Хјустон Рокетс славеа со 116:106. Со 26 поени, словенечката ѕвезда Лука Дончиќ беше прв стрелец на натпреварот со 40% реализација на шут од игра (10/25). Дончиќ придонесе и со 14 скока, а од првиот трипл-дабл сезонава му го одделија оние три асистенции.
Јута на домашен терен го победи Денвер, а дуелот го одбележа повредата на коленото на српскиот ас Никола Јокиќ, кој за 15 минути имаше придонес со 24 поени, шест скока и шест асистенции. Јута славеше со 122:110 и ја оствари третата последователна победа.
Во тензичен натпревар по продолженија, кошаркарите на ЛА Лејкерс кои играа без повредениот Леброн Џејмс на крајот однесоа победа од гостувањето кај Сан Антонио со 125:121. Ентони Дејвис уфрли 31 поен од игра и постигна вкупно 35 поени со што беше лидер во составот на „езерџиите“, додека Расел Вестбрук постигнаа 33 поени и 10 скока и со 8 асистенции беше на чекор до првиот трипл-дабл сезонава.
РЕЗУЛТАТИ:
Њујорк – Филаделфија 112-99
Оклахома – Голден Стејт 98-106
Далас – Хјустон 116-106
Сан Антонио – ЛА Лејкерс 121-125 (п)
Јута – Денвер 122-110