FOTO>Twitter/Inter
Италијанскиот првак Интер ги освои бодовите на гостувањето кај Емполи со победата од 2:0 во рамките на 10. коло на Серија А. „Нероаѕурите“ поведоа со голот на Д’Амброзио во 34. минута, а на стартот на вториот дел Емполи остана со фудбалер помалку поради црвениот картон на Ричи. Во 67 минута Димарко зголеми на 2:0. Во 74 минута ВАР му поништи гол на Гаљардини.
Четата на Симоне Инзаги стигна до шестата победа сезонава па е на третото место на табелата.
Лацио го голот на Педро во 52. минута ја совлада Фиорентина со 1:0. Тоа е петта победа за Лацио, додека Фиорентина го запиша петтиот пораз.
Рома славеше со 2:1 на гостувањето на Сардинија против Каљари. Домашните водеа со гол на Паволети, но римјаните го свртеа резултатот со голови на Ибањез и Лоренцо Пелегрини.
Сасуоло го порази Јувентус во Торино, а Нестор не заигра против Верона (видео)