Кристијано Роналдо со апел до соиграчите за единство

214

Кристијано Роналдо ги повикал соиграчите да му дадат поддршка на менаџерот на тимот Оле Гунар Солскјер. Според „Манчестер Ивнинг њуз“, Португалецот во соблекувалната изјавил дека сите играчи, без разлика дали ја изгубиле вербата во Норвежанецот и неговите тактички одлуки, дека треба да дадат се од себе на теренот и да го поддржат тренерот додека тој е на функцијата.

И покрај сите шпекулации дека Солскјер може да добие отказ во секој момент, последните вести кажуаат дека норвежанецот засега останува на функцијата и ќе го води тимот во дербито со Тотенхем викендов. Гостувањето во Лондон ќе биде 165. меч на кој Солскјер е менаџер на Јунајтед.

Според „Манчестер Ивнинг њуз“, некои од играчите на 20-кратниот шампион на Англија ја изгубиле довербата во Солскјер пред се поради одлуките што ги носи при изборот на тимот. Тие се прашуваат зошто играчите како Лингард односно Ван Де Бек воопшто не добиваат минутажа, и дека кога не оди мора сите да добијат шанса за да се пронајде идеалниот состав.

 

 

ПретходноДарко Ангеловски ново засилување за ОК Вардар
СледноСлавје во Сурдулица, Радник подобар од Црвена Звезда