КФСМ го усвои финансискиот извештај за 2020 година

123

КСФК денеска на годишното собрание го усвои финансискиот извештај за изм9инатата 2020 година.

Претставниците на клубовите членки на Собранието, на денешната седница на највисокото законодавно тело во кошаркарската федерација, ги подигнаа зелените картони во знак на прифаќање на Финансискиот извештај на федерацијата за 2020 година.

Освен тоа, со 23 гласови „за“, на годишното Собрание кое беше одржано денеска во хотелот „Лимак“ во Скопје, а со кое раководеше претседателот Перо Антиќ, делегатите на Собранието го прифатија и извештајот на работата на КФСМ за 2020/2021.

Претходно, претставницит ена клубовите ги усвоија записникот од Собранието одржано на 10.декември 2020 година, односно записникот од вонредното, дописно Собрание на федерацијата, кое беше одржано на 15.септември, 2021 година.

ПретходноЈанта волеј КВ против Наковски волеј во дербито на коло!
СледноПокрената истрага против 62 трансфери во Италија, најмногу од Јувентус!