Тимот на Барселона го загуби големото дерби против тимот на Реал Мадрид, популарното Ел Класико со 1:2, а по натпреварот гневните навивачи на тимот го нападнаа автомобилот на тренерот Роналд Куман, во кој се наоѓаше и неговата сопруга. И обајцата доживеаа голема непријатност, навивачите за малку што не го демолираа автомобилот, и само смирената реакција на Куман беше пресудна да не настане голем инцидент.
За оваа ситуација од страна на јавноста беше запрашан првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта.
„Тоа не смее повеќе да се случи и нема да го толерираме. Ова е последен пат“ – кратко рече Лапорта.
Así ha sido la salida de Koeman del Camp Nou #fcblive pic.twitter.com/4WMORd3Nto
— Albert Rogé (@albert_roge) October 24, 2021