Во дерби натпреварот на 3. Коло од Првата одбојкарска лига за жени, одбојкарките на Наковски Волеј со убедливи 0:3 (20:25, 17:25, 23:25) славеа во Скопје во дуелот со Јанта Волеј КВ. Ова беше дуел на досега непоразените, а играта прикажана во трите сета го потврди и епитетот.
Гостинките одиграа подобро во решавачките моменти на трите сети и на крајот заслужено ја прославија и третата победа. Во вториот завршен меч вечерва, Струмица однесе убедлива победа од 3:0 против Вардар. Струмичанки одиграа квалитетно во трите сета, а вардарки се чини имаа сили само за есен квалитетен сет, оној првиот во кој освоија 23 поени.
Прва лига – жени 3. Коло
Вардар жени – Струмица жени 0:3 ( 23:25, 9:25, 14:25)
Јанта Волеј КВ – Наковски Волеј 0:3 (20:25, 17:25, 23:25)