Екипата на Бадел испиша нов историски резултат во женската јадранска лига. Македонскиот вицепрвак ја запиша втората победа во новата сезона, овој пат истата не е било каква.
Избраничките на Перо Стамески на гостински терен го совладаа Партизан со 70-73 во рамките на петото коло во ова натпреварување. Со овој триумф најавија дека оваа сезона навистина има што да покажат, а македонската женска кошарка на што да се гордее.
Одличната игра во втората четвртина беше клучна за големата победа, Бадел овој период го доби со 9-21. На полувремето изедначи на 35-35, откако имаше двоцифрена негатива.
Домашните кошаркарки се вратија на стартот на третиот период, но „баделки“ не дозволија нивна доминација. Дуелот влезе во вистинска битка на теренот, во водството се менуваше, во самиот финиш Кметовска и Димова, донесоа радост во редовите на Бадел.
Кметовска со 31 поен и 14 скока беше нерешлива енигма за противникот, 13 поени имаше Трајчевска, додека Димова запиша 12.