По сите одиграни натпревари од 2.коло во ракометната Европска лига, ЕХФ ги прогласи најубавите голови на колото. Меѓу ТОП 5 се оние кои ги постигнаа Кире Лазаров (Нант) и Јосип Периќ (Е. Пелистер).
Селекторот постигна гол по еден прекрасен цепелин на негов соиграч, а ракометарот на Пелистер шутираше мастраелно од девет метри за бод на гостувањето кај Кадетен.