Како што денеска објави Италијанска “Република“, Јавното обвнителство во таа земја, покрена истрага против 62 трансфери во таа земја. Сите тие биле сомнителни според обвинителството и допрва ќе се разгледуваат доказите. Од нив најмногу ги има од Јувентус. Специјална комисија, која е одговорна за постапките на клубовите, испратила детален извештај до обвинителот Џузепе Сине и до првиот човек на италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина.
Во извештајот стои дека некои трансфери биле прескапи.
Најмногу доаѓаат од Јувентус, кој направил вкупна размена на 21 играч во вредност од 90 милиони евра.