Почина еден од најдобрите голгетери на Ајтрахт Франкфурт

216

Поранешниот офанзивен играч за врска на Ајнтрахт Франкфурт и на Западна Германија Бернд Никел почина на 72 години, соопштија од неговиот поранешен клуб. Никел запиша 163 гола во 481 натпревар за тимот од Франкфурт од кои 141 се во Бундес лигата и е втор на списокот на најдобри стрелци во клупската историја.

Никел го освои Купот на УЕФА во 1980 година и три пати Купот на Германија (1974, 1975 и 1981) сите тие со Ајнтрахт. Има одиграно и еден меч за Западна Германија во 1974 година.

ПретходноТФТ доживеа пораз од бугарски Академик
СледноКил со цел плен од Скопје – го турна Вардар во длабока криза