Англиското крило Џејдон Санчо имаше тешки моменти од доаѓањето во Манчестер Јунајтед на стартот од сезоната. Санчо ова лето се пресели во Манчестер Јунајтед од Борусија Дортмунд во трансфер кој го чинеше англискиот клуб 73 милиони фунти.
На седумте меча на кои се појави во тимот на Оле Гунар Солскјер, Санчо ни за момент не ги поравда очекувањата. Германски „Скај Спорт“ во една своја анализа на настапите на Јунајтед, реши да се пошегува на сметка на Санчо, кој на ТВ-екраните беше преставен како тајниот агент Џејмс Бонд.
Бонд, кој е познат како тајниот агент 007, беше компариран со Санчо кој оваа сезона има 0 голови, 0 асистенции на 7 одиграни средби.
🚨⚽️ | NEW: Sky Germany’s graphic on Jadon Sancho pic.twitter.com/J0mDwQpLpS
— Football For All (@FootballlForAll) October 26, 2021