Вечерва од 19 часот, во меч од 11.коло во Ла Лига, во Мадрид домашниот состав на Рајо Ваљекано ќе ги одмери силите против Барселона. Се очекува уште една блескава партија на нашиот Столе Димитриевски кој оваа есен брани фантастично за Рајо во една од најсилните лиги во светот. Неговиот тим, во пресрет на овој меч има еден бод предност пред каталонскиот гигант и во случај на победа тогаш и официјално ќе тргне во битка за пласман на во горниот дел на табелата и излез во Европа што за малиот Рајо Ваљекано ќе биде фантастичен успех.
Инаку Барселона вечерва, поради повреда, не ќе може да смета на одличниот Ансу Фати, како што го нарекуваат младиот офанзизивец. Тој само што се врати на терените по долгата пауза, на последниот меч за Барса, оној со Реал Мадрид, се повредил и не ќе може да биде во составот на дуелот против Столе и Рајо.