Суарез почна преговори за продолжување на договорот со Атлетико (М)

70

Со 34 години, Луис Суарез почнува преговори за нов договор со Атлетико (М). Со оглед на тоа што вредноста на напаѓачот се мери со голови, Луис Суарез и натаму има висока цена во дресот на Атлетико Мадрид.

Уругвајскиот напаѓач дојде во Мадрид летото 2020 година, кога потпиша двегодишен договор и со 21 постигнат гол минатата сезона, му помогна на тимот на Симеоне да ја освои титулата во Ла Лига.

Договорот на Суарез истекува следното лето, но Уругваецот одлично се адаптираше во Мадрид и го овластил својот менаџер да преговара за продолжување на соработката со Атлетико бидејќи сака да продолжи да работи под палката на Симеоне.

Суарез и неговиот агент работат на продолжување на договорот до летото 2023 година.

ПретходноФК Вардар купен за “само“ 32.500 евра!!!
СледноАко вечерва постигне гол: Левандовски може да собори уште еден феноменален рекорд!