Тошевски го однесе Горњик Забрже во 1/8 финалето во Купот на Полска!

516

Давид Тошевски, македонскиот интернационалец во дресот Горњик Забрже и член на младата репрезентација, одново е стрелец во Купот на Полска. Имено тој попладнево во меч од 1/16 финалето во Купот на таа земја, постигна гол за својот Горњик Забрже во 41.минута, тој гол на Македонецот беше за водство за 2:0 на гостинскиот тим.

Во продолжение од средбата, домашниот тим Слеза Вроцлав успеа само да намали за конечни 1:2. Па така испаѓа дека голот на Тошевски е решавачкиот за пласман во следната фаза за екипата на Горњик.

ПретходноПокрената истрага против 62 трансфери во Италија, најмногу од Јувентус!
СледноПријателска разделба на Цицмиловиќ и Воска Спорт!