ТФТ доживеа пораз од бугарски Академик

84

Екипата на ТФТ доживеа пораз од Академик од Пловдив на домашен терен во БИБЛ лигата. Одлучувачки беа последните пет минути во кое се влезе со резултат 66-66, а бугарскиот тим направи 12-3 за речиси три минути и поведоа со 78-69 додека македонскиот претставник немаше сила да се врати.

Конечниот резултат е 75-83.

Инаку ова е првиот пораз на ТФТ по серијата од пет победи во сите натпреварувања.

ТФТ е четврти на табелата во групата Б со скор од една победа и еден пораз, додека Академик е лидер со максимален ефект од 4 победи.

ПретходноДибиров и Томовски блескаат, Вардар води со 13-10 против Кил
СледноПочина еден од најдобрите голгетери на Ајтрахт Франкфурт