Французинот ги „откачил“: Зидан не е заинтересиран да го преземе Манчестер Јунајтед

170

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е заинтересиран да го преземе Манчестер Јунајтед. Според информациите на англиските медиуми, Французинот ги „откачил“ преговарачите од „Олд Трафорд“, кои уште вчера стапиле во контакт со неговиот агент.

Во овој случај Јунајтед има една кандидатура помалку доколку челниците на „црвените ѓаволи“ одлучат да го отпуштат тренерот Оле Гунар Солскјер.

И натаму во Англија се фаворизира името на Антонио Конте, кој очигледно е прв избор на раководството, кое сепак, ќе почека во следните три меча да види какви ќе бидат резултатите на тимот под водство на Норвежанецот.

ПретходноДобри вести за Денвер: Повредата на Јокиќ не е сериозна
СледноВардар против Кил бара излез од европската криза!