Јасир Љама денеска влегува во рингот во првата борба на СП во Белград

148

Македонскиот боксер Јасин Љама денеска ќе го има својот прв настап на светското првенство во Белград. Нашиот боксер ќе настапи во попладневната сесија (од 18 часот, неговата борба е број 8), а противник ќе му биде Фабио Росели, боксер од Сејшели.

Љама ја преставува Македонија во категоријата до 60 килограми, додека вториот македонски преставник Арсим Етеми во категоријата до 80 килограми во 1. коло беше слободен, а во рамките на второто коло за противник ќе го има Молдавецот Кирјаков, кој исто така ја прескокна воведната рунда.

Првиот настап на Етеми е закажан за во сабота.

ПретходноВардар против Кил бара излез од европската криза!
СледноСе спаси: Лукас Ернандез избегна затворска казна, доби условна на 4 години