Јасир Љама немаше никакви проблеми на стартот на СП во бокс во Белград. Нашиот боксер со победа го започна ова првенство и тоа со триумф од 5-0 против Фабио Росели од Сејшели. Во текот на целата борба Љама беше тој што ги контролираше настаните на теренот, што постојано ја имаше и иницијативата и затоа судиите беа едногласни и го прогласија за победник со 5-0 на поени.Инаку Љама се натпреварува во категогоријата до 60 кг.
Секако дека ова победа ќе му даде уште поголема самодоверба на нашиот боксер на следниот меч од 2.коло.
Инаку вториот наш претставник на СП кое се одржува во главниот град на Србија, Арсим Етеми, кој се натпреварува во категоријата до 80 кг, во првото коло беше слободен. Тој првата борба ќе ја има против Молдавецот Кирјаков во меч од 2.коло и тоа в сабота.