Oсасуна со цврста одбрана му откина бод на Реал на „Бернабе“

187

Тимот на Реал Мадрид киксна на дуелот со Осасуна во 11. коло на шпанската Ла Лига. „Кралевите“ неочекувано одиграа без голови против Осасуна во меч во кој имаа доминација и многу шутеви но ниту еден не завршни во мрежата. Гостите цврсто се бранеа, немаа ниту еден директен удар на голот на гигантот но освои бод.

Ова е првпат после 2005 година Осасуна да грабне бод од „Сантијаго Бернабеу“.

Реал и покрај ремито е лидер со 21 бод, исто колку што имаат Севиља, Бетис и Сосиедад кои имаат послаба гол разлика. Осасуна е на шестото место со 19 бода.

ПретходноОриги мајсторе, како успеа вака да погодиш! (видео)
СледноСе прели чашата – Барселона го разреши Куман!