Алборг падна во Сегед, Келце им одржа лекција на Раул Гозналез и ПСЖ

258

Алборг сепак покажа дека има слаби страни, а колку е изедначена и неизвесна групата на Вардар 1961, потврда стигна вечерва. Пик Сегед на домашен терен го совлада данскиот тим со 31-28 и ја направи трката за лидерското место уште поинтересна.

Кам-бекот против Кил не беше случен, унгарскиот тим одигра одличен натпревар, на кој речиси имаше водство во текот на сите 60. минути. На одморот замина со позитива од 17-13, Алборг го доби минимално второто полувреме, но не беше доволно за триумф.

Уште еден интересен резултат доаѓа од 6. коло во Лигата на шампиони. ПСЖ влезе во криза, по поразот од Барселона, вечерва беше совладан на гости кај Келце. Полскиот тим му одржа добра лекција по ракомет, го совлада со 38-33.

До бодовите Келце не се мачеше, доминираше против составот на Раул Гонзалез, во еден момент во второто полувреме, негативата беше седум гола.

Ова беше трет пораз за ПСЖ оваа сезона, има едно реми и две победи. На другата страба Келце ја запиша петата победа, има само еден пораз. Битката за лидерското место ја води со Веспрем и Барселона.

ФОТО: eurohandball.com

ПретходноОдбојкарките на Наковски Волеј го добија дербито на непоразените
СледноСасуоло го порази Јувентус во Торино, а Нестор не заигра против Верона (видео)