“Бомба“: Јунајтед го сака Покетино на клупата!

417

Иако Антонио Конте начелно се согласил да биде новиот тренер на Манчестер Јунајтед, иако имало и почетни преговори, сепак раководството на најтрофејниот клуб во Премиер – лигата се реши да му даде шанса на Оле Гунар Солксјер и натаму да го води тимот.

Сепак, утрината медиумите на Островот лансираат “бомба“, а таа е дека клубот од “Олд Трафорд“ го посакува Маурицио Покетино за менаџер или стратег на Јунајтед. Иако Аргентинецот сега е во ПСЖ, се говори дека набргу, уште во јануари би можело тој да замине од Париз и да се пресели во Манчестер. Токму и затоа е останувањето на Солскјер на клупата на Јунајтед.

Се вели и дека Покетино бил прв “пик“ за тренер на Јунајтед уште во 2018 година по заминувањето на Мурињо, ама тогаш во последен момент било решено Солскјер да седне на клупата.

ПретходноФудбалер на ПСЖ ограбен од проститутка!
СледноПогодоците на Лазаров и Периќ во ТОП 5 на колото во ЕЛ!