Голема штета, Вардар 1961 не успеа да ја продолжи фантастичната игра од првото полувреме против Кил и да дојде до нова победа во Лигата на шампионите. Кризата во нападот, разнишаната одбрана во вторите 30. минути, беа пресудни за третиот пораз на македонскиот првак во Лигата на шампиони.
Вардар 1961 навистина има за што да жали.
„Честитки до Кил за заслужената победа. Пред мечот гаевме надеж дека можеме да ги добиеме, бидејќи знаевме дека ќе дојдат без неколку играчи. Во првото полувреме благодарение на добрата одбрана и одличниот Томовски го остваривме водството, но се мачевме со нападот, моравме да ризикуваме со 7-6. Во второто полувреме поведоа со три гола и застанавме, не знам зошто примивме 19 гола. Тоа е премногу, не успеавме да се адаптираме, има некои играчи кои мора да размислат дали ќе останат во Вардар по првиот дел од сезоната, ако сака тимот да направи добри резултати“, изјави Вујовиќ.