Само едно добро полувреме не е доволно да се добие било кој учесник во Лигата на шампиони, а не пак еден тим како што е Кил. Вардар 1961 одлично го почна дуелот против бундес-лигашот, но потоа падна во вториот дел, ги разигра гостите и на крајот беше совлада со 26-29 за трет пораз во низа во ова натпреварување.
Тимур Дибиров со 10 гола од 14 обиди, и Мартин Томовски со 14 одбрани беа најсветлите точки кај македонскиот тим, на другата страна Дувњак имаше седум гола.
Фантастично прво полувреме одиграа „црвено-црните“, сликата од претходниот меч беше целосно смената. Кил се изгуби во СЦ „Јане Сандански“, публиката им ја даде потребната доза на мотивираност, а ракометарите им се оддолжија на најдобар можен начин. Актуелниот македонски првак предводен од Мартин Томовски и Тимур Дибиров, делуваше страшно атрактивно и опасно на теренот, на одморот водеше со 13-10.
Гостите први поведоа со 0-1 со голот на Дувњак, но Вардар со три гола во низа поведе со 3-1, а Томовски беше најзаслужен, во првите осум минути запиша четири важни интервенции. Во овој дел Кил уште во два наврати имаше водство од 6-7 и 7-8, останатиот дел мина во знакот на македонскиот првак, кој со серија од 3-0 во финишот и нова маестрална интервенција на Томовски дојде на плус три (13-10).
По одморот, Вардар 1961 поведе и со 15-11. И се функционираше добро до 38. минута, гостите целосно се разбудија со серија од 5-0 дојде на највисоки 18-20 во 44. минута.
Вујовиќ повика тајм-аут, неговите избраници беа повеќе од четири минути без гол. Тешко одеше, бундес-лигашот успеа да поведе и со плус три (20-23) во 48. минута. предводникот на Вардар се обиде со нов тајм-аут да ги разбуди и мотивира момците, но по истиот Кил се искачи на плус четири 21-25 на девет минути до крајот.
На четири минути до крајот, гостите останаа со двајца играчи помалку. Но, ниту ова не беше доволно за да „црвено-црните“ дојдат до егал завршница. Кил успеа да ја одржи позитивата од два гола и со цел плен да замине од Скопје.
По овој дуел следи пауза поради ЕХФ неделата.