Пријателска разделба на Цицмиловиќ и Воска Спорт!

2629

Пред два дена сосема неочекувано Раде Цицмиловиќ си поднесе оставка од местото шеф на струката на Воска Спорт. Тренерот кој за овие четири месеци создаде респектабилен второлигаш и го остави тимот на второто место во ВМФЛ – ЗАПАД. Во оставката тој не ги кажа причините, а како што обично бива кај нас, веднаш почнаа шпекулациите за неговото заминување.

Сепак денеска Цицмиловиќ и Нефи Усеини, првиот човек на клубот од Охрид, потврдија дека разделбата била пријателска, а според тренерот и братска што се вели.

Ова е потврда дека разделбата е братска и пријателска. Чест и задоволство ми беше што го запознав Нефи Усеини и што соработував со него во изминатиот период. Сметам дека Нефи и Воска Спорт заслужуваат да бидат во Првата лига зошто се ретки такви газди како него во мак – фудбалот. На крај, да бидеме на чисто, мојата оставка е од приватни причини“ ни изјави Цицмиловиќ.

Веднаш откако тој си замина, клубот веднаш реагираше и го назначи Даниел Стојановски, првиот соработник на Цицмиловиќ за нов стратег на Воска Спорт.

Инаку и Нефи Усеини имаше само пофални зборови за довчерашниот тренер на Воска Спорт.

Му посакувам се најубаво на Цицмиловиќ. Јас сум задоволен што ете таков тренер како него беше со нас во овој изминат период. Со него како тренер ние сега сме втори на табелата. Јас сум презадоволен од неговата работа во Воска Спорт, но ете, моравме од негови лични причини да се разделиме“ посочи првиот човек на охридскиот второлигаш.

ПретходноТошевски го однесе Горњик Забрже во 1/8 финалето во Купот на Полска!
СледноЈашароски: Скопје може многу сезонава, посакуваме победничка серија