Големо, огромно изненадување се случи предмалку во шампионатот на Србија каде што досега непоразениот тим на табелата Црвена Звезда, загуби на гостувањето кај Радник во Сурдулица со конечни 2:1.
Спасиќ и Лукиќ стрелци за домашните, Бен намали на 2:1, но тоа беше се од голови на овој меч.
Звезда и натаму е втора зад тимот на Партизан, додека пак Радник полека се искачува во долниот дел на табелата.