Македонскиот боксер Јасин Љама денеска ќе го има својот прв настап на светското првенство во Белград. Нашиот боксер ќе настапи во попладневната сесија (од 18 часот, неговата борба е број 8), а противник ќе му биде Фабио Росели, боксер од Сејшели.
Љама ја преставува Македонија во категоријата до 60 килограми, додека вториот македонски преставник Арсим Етеми во категоријата до 80 килограми во 1. коло беше слободен, а во рамките на второто коло за противник ќе го има Молдавецот Кирјаков, кој исто така ја прескокна воведната рунда.
Првиот настап на Етеми е закажан за во сабота.