Златан со порака до фудбалерот кој призна дека е геј: Ти си ШАМПИОН!

551

Во текот на вчерашниот дена Џош Каваљо, фудбалер од Австралија јавно призна, и тоа на социјалните мрежи, дека е геј. Следуваа пораките со поддршка до него, иако имаше и оние кои се исмеваа, сепак Златан Ибрахимовиќ, еден од најпознатите фудбалери во изминатите две децении во светот, покажа дека е голем човек.

Едноставно Швеѓанецот со балкански корени и член на Милан, на својот Инстаграм профил напиша зборови со кои му даде целосна поддршка на Каваљо…

Ти си шампион! Фудбалот е за сите. Голем респект“ напиша Ибра.

ПретходноРуватубаје: За Шкупи секој меч е како финале, одиме на победа и против Брегалница!
СледноНа Инфантино му се заканува затворска казна!