Лаутаро Мартинез и Интер конечно се договорија, а Аргентинецот стави потпис на новиот договор кој ќе биде со важност до 2026 година. Лаутаро во минатите две години постојано беше трансферна цел на големите европски клубови, но сепак проблеми правеше откупната клаузула која изнесуваше цели 111 милиони евра. Сепак сепак нема никакви проблеми. Имено и Интер и Лаутаро го добија тоа што го сакаат. Клубот добија екстра напаѓач во следните пет сезони а Лаутаро драматичен пораст на платата, па така сега тој ќе зема 6 милиони евра годишно, се разбира тука не ги сметаме разните бонуси.
Во секој случај некогашниот трикратен европски првак направи голема работа.