Македонскиот интернационалец и поранешен репрезентативец Данел Георгиевски официјално ја заврши својата фудбалска кариера. На 33. годишна возраст бекот рече дека е доста од активно играње фудбал, со што стави крај на една богата и активна кариера.
Своевремено тој од неговата родна Австралија беше доведен како засилување за нашите младински селекции, одигра неколку сезони, во Хрватска, Романија, а потоа се врати во домашна Австралија за да финишира што се вели.
„До моето семејство, моите фанови, клубовите и тренерите и до фудбалот, благодарам. Моето патување беше возбудливо и полно со успеси, незаборавни моменти и тобоган од моменти. Едвај чекам на моето следно поглавје со семејството и пријатели““, напиша Георгиевски.