Приказната во СЦ „Јане Сандански“ синоќа можеше да заврши поинаку. Вардар 1961 имаше отворен пат кон победата против Кил, но наместо плус четири во вториот дел, му дозволија на противникот да се врати и да си замине со целиот плен.
Блескаше Тимур Дибиров, блескаше Мартин Томовски, не помогна ниту тоа. Дибиров средбата ја заврши со 10 погодоци, додека репрезентативниот голман запиша 14 интервенции.
Дел од нивните потези треба да завршат меѓу најдобрите по комплетирањето на 6. коло во Лигата на шампиони, по кое македонскиот првак ќе остане на шестото место со две победи, реми и три порази, истите во последните три средби.
Еве зошто Вардар 1961 треба да жали.
.@HCVardar‘s Martin Tomovski is understandably pretty thrilled with these saves 🤩 #ehfcl #showtimeforchampions pic.twitter.com/dTiujNWg6L
— EHF Champions League (@ehfcl) October 27, 2021