Иконата на Барселона наголем кандидат за местото на Куман, во игра влезе и еден селектор!

660

Роналд Куман синожа и официјално доби оставка на тренерското место во Барселона. Чашата ја прели поразот од Рајо Ваљекано за кого настапува македнскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски.

Најголем фаворит за тренерското место во редовите на каталонскиот гигант е легендата на клубот, Чави Хернадез. Тој во овој момент го предводи тимот на Ал Сад. Според многумина тој ќе биде вистинско решение, идејата дека Барса во иднина може да се најде во негови раце им се допадна и на фановите.

Во игра се споменуваат уште двајца тренери. Еден од кандидатите е трофејниот тренер на Ривер Плата Марсело Гаљардо, меѓу фаворитите е селекторот на Белгија Роберто Мартинез, а во комбинација е стратегот на Гранада Роберт Морено. Се споменува и името на Андреа Пирло.

Барселона по поразот од Ваљекано се најде на деветото место со четири победи, три ремија и три порази.

ПретходноСе прели чашата – Барселона го разреши Куман!
СледноСтоле е херојот на фановите на Барса – статуа за Димитриевски пред „Камп Ноу“