Нејмар се “правда“: Јас не кажав дека СП во Катар ќе ми биде последно!

97

Бразилскиот супер-стар и напаѓач на ПСЖ, пред неколку недели најави дека СП во Катар следната година веројатно ќе му биде последно. Се разбира дека “кариоките“ се вознемирија, па Нејмар не е толку возрасен за да се планира уште отсега пензија во репрезентацијата на Бразил.

Токму затоа деновиве тој мораше да дообјаснува дека не кажал така.

Јас кажав едно, а луѓето ме разбраа погрешно. Реков дека ќе играм на Мундијалот како да ќе ми биде последен, а не дека ќе ми биде последен. Инаку јас на секој натпревар му приоѓам на тој начин, како да ми е последен. Никој од нас не знае што ќе му се случи утре“ рече Нејмар.

ПретходноДавид Тошевски: Среќен сум за мојот втор погодок за Горњик!
СледноПокетино: Меси е повреден, ќе видиме дали ќе игра против Лил!