По победата во првото коло на Светското првенство во Белград, македонскиот боксер Јасир Љама веќе го доби и противникот за втората рунда. Утре на рингот во српската престолнина, Љама ќе ги вкрсти ракавиците со Узбекистанецот Абдулмалик Халоков, кој во првата рунда беше слободен.
Халоков е младински светски шампион во бантам од 2018 година, кога имаше злато и на младинските олимписки игри во Аргентина. Во последниве неколку години немаше позабележителни настапи, се до бронзата која ја освои на годинашното издание на Азискиот шампионат.
Борбата меѓу Љама и Халоков е закажана во утрешната вечерна сесија.