Иако уште ништо не е готово, иако Оле Гунар Солскјер доби уште една шанса, сепак се чини дека Антонио Конте одново се наметнува како прв пик за менаџер на Манчестер Јунајтед. Имено тој пред неколку денови имал начелни разговори со претставници на клубот од “Олд Трафорд“ и на нив им ја објаснил својата фудбалска филозофија. Сепак прво што рекол е дека нема сигурно да смета на капитенот Хари Мегваер, кој во последно време игра во очајна форма. Исто така ги пречкртал и Арон Ван-Бисака, како и Лук Шо. Имало и други играчи на листата, но исто така имало и листа на играчи за кои Италајенцот рекол дека врз нив ќе ја гради играта на тимот. Тоа биле Роналдо, Погба, Варан, Телес, Фернандеш, Марсијал, Санчо, Гринвуд и Рашфорд.