Утре на Чаир, во дербито на 12.коло, Брегалница му госува на лидерот на табелата, екипата на Шкупи. Марјан Алтипармаковски, во моментов најдобриот фудбалер на штипските “сини“, за Спортмедиа има свој коментар за тоа што може да се очекува од утрешниот дуел.
“Му гостуваме на лидерот на табелата, на моментално најдобриот тим во ПМФЛ. Од друга страна се знае дека ние сме во одлична форма, играме се подобро и подобро и јасно е дека нема така лесно да се предадеме на Чаир. Брегалница на овој меч нема што да загуби. Ќе се надигруваме со силниот Шкупи, па ќе видиме по натпреварот што сме направиле. Очекувам одлично дерби, играат две квалитетни екипи, ќе биде интересно“ заклучи искусниот офанзивец на Брегалница кој е во одлична голгетерска форма.