Анчелоти крена раце од Азар, Реал веќе го понудил на два клуба од Англија

406

Напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар може да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок, пренесува ESPN. Според изворот, кралскиот клуб од Мадрид испратил понуди за трансфер на играчот во Челзи или Њукасл Јунајтед.

Претходно, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти јасно стави до знаење дека не смета на Азар за играч кој треба да биде еден од темелите на тимот. Италијанецот призна дека Азар нема статус на ѕвезда во тимот.

Белгиецот настапува за мадридскиот клуб од 2019 година. Вкупно за тимот одигра 52 натпревари и постигна пет гола.

ПретходноБарса извлече бод кај Порто, Митревски со две интервенции
СледноЕлмас со асистенција во новиот триумф на Наполи (ВИДЕО)