Одбојкарите на ГОК Борец и Весна Пробиштип со убедливи победи од по 3:0 го заокружија третото коло од домашното одбојкарско првенство.
Попладнево во Велес, Борец славеше без поголеми проблеми над екипата на Дибра Волеј препуштајќи им само 29 поени во трите сета (15, 10, 4). Со оваа победа, велешани дојдоа и до третата последователна победа, што ги остава на врвот на табелата во друштво на исто така досега непоразената Шкендија.
Одбојкарите на Весна Пробиштип исто така беа доминантни против „новајлијата“ во одбојкарската елита, Македонија Џио. Струмичкиот тим одигра просечни три сета во кои не успеа вистински да им се закани на домашните.
Прва лига (мажи), 3. коло
ГОК Борец – Дибра волеј 3:0 (25:15, 25:10, 25:4)
Весна Пробиштип – Македонија Џио 3:0 (25:13, 25:11, 25:14)
Вчера:
Струмица 47&72 – Вардар 3:0 (25:19, 25:15, 25:19)
Шкендија – Штип УГД 3:0 (25:23, 25:20, 25:19)
Јанта волеј – Лирија 2:3 (25:22, 16:25, 21:25, 25:18, 13:15)
Слободна е екипата на Универзитет во Тетово