Во 5 часот наутро собираше смет, а вечерта бранеше на “Геламко Арената“ против славниот Гент!

5309

Фудбалот не е само Меси, Роналдо…не се само Реал, Барса, Челзи. Посебно не кога станува збор за натpеварите од националните купови. Таму, на тие натпревари се вистинските фудбалски херои.

Како Леонардо Касио на пример.

Белгискиот портал Sporza.be, ни претстави неверојатна, фантастична приказна за голманот Леонардо Касио (22 години), кој стана херој на денот во својата земја.

Имено тој е голман на четворолигашот Белисија од градчето Билзен. Дотука ништо невообичаено, сепак….

Леонардо работи како собирач на смет во Билзен, тоа му е основната работа, а брани во Белисија како аматер. Вчерашниот ден беше важен за него и неговите соиграчи. Тие вечерта во 20 часот, играа во 1/16 финалето од Купот на Белгија на славната “Геламко Арена“ и тоа против славиот Гент, еден од најдобрите клубови во таа земја.

ДЕНОТ МУ ПОЧНУВА ВО 5 ЧАСОТ НАУТРО

Сепак Леонардо не сакаше да менува ништо во врска со сојата работа. Иако вечерта во 20 часот го чекаше мечот на својата кариера, тој стана рано наутро, и тоа во 4 часот, за да може во 5 часот да биде на своето работно место, покрај камионот и кантите со смет. Откако си ја заврши својата работа, тој замина во клубот. Потоа заедно со своите соиграчи патуваше со автобус околу 150 км на мечот со Гент, секако придружувани од околу 1.000 свои фанови кои беа со своите автомобили. Конечно во автобусот Леонардо можеше малку да дремне.

Се разбира Гент победи со 4:0, се пласира во следната фаза, Леонардо прими четири гола, но не беше разочаран. Призна дека вчерашната ноќ му била една од најубавите во неговиот живот и дека после 50 години ќе има што да им раскажува на своите внуци.

Тоа беше моето најубаво искуство. Воопшто не ми е важно што примив четири голови, важно беше што не ги разочарав моите колеги во клубот и моите блиски. Фудбалот е забава, а ние вчера и тоа како се забавувавме на мечот со Гент. Важно ми е секако што ќе каже и нашиот тренер Лук Нилис, некогашниот славен репрезентативец на Белгија од кого може да се научи многу“ рече покрај другото херојот на денот – Леонардо Касио.

Тоа е дечкото кој што во 5 часот наутро собираше смет по улиците на Билзен, за да вечерта во 20 часот го чуваше голот на четворолигашот Белисија против Гент.

Ете, затоа е фудбалот е прекрасен…зошто има мал милион вакви приказни.

ФОТО: Sporza.be

ПретходноДимитриевски: Барселона не е на нивото кое што беше порано
СледноСудии за 12.коло во ПМФЛ: Ецкоски под Шара, Ставрев на Автокоманда!