Мохамед Салах е голем амбасадот на Египет во светот, а каков статус има во својата земја најдобро покажуваат најновите инфомрации кои доаѓаат од оваа земја.
Основните училишта во Египет ќе имаа нов предмет а тоа е „Мохамед Салах“, целта ќе биде изучување на националната гордост, децата од мали нозе ќе учат како може да се стане ѕвезда, а притоа да се остане скромен човек.
Предметот ќе биде дел од културата, што ќе им помогне на децата во нивниот развој.
Книгите наскоро ќе бидат отпечатени, а самиот Салах за време на одморот во родниот Египет ќе ги посети училиштата и ќе одржи еден од часовите со децата.
Египќаните дојдоа до оваа идеја со цел да му се заблагодарат на Салах барем на еден начин за се што направи за да го промовира Египет на светски фудбалски план, но и повеќе од тоа.