Елверум славеше во Брест и се израмни со Алборг и Пик Сегед

80

Ракометарите на Елверум го совладаа Мешков Брест на гости со 30:27 во еден од последните натпревари од 6. коло во Лигата на шампионите. Вечерва во Белорусија, Норвежаните дојдоа до третата победа со која се искачина на 5. место во групата „А“ и го симнаа нашиот шампион Вардар на шестата позиција.

Елверум го имаше одличниот Грондал кој постигна 9 гола на денешниот дуел и беше предводник на тимот до третиот успех.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Во вториот завршен меч вечерва, екипата на Динамо од Букурешт пред своја публика направи изненадување победувајќи го Веспрем на нашиот Дејан Манасков кој поради повреда е надвор од терените со 31:29. Кај Романците Јонеа со 7 и Кампос со 6 гола беа најдобри реализатори, додека кај Веспрем Ненадиќ постигна 9 гола.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноВелешани со нова победа остануваат непоразени и по три кола
СледноДва гола на Кузмановски, трета победа на Хановер