По стартниот пораз од Академија ФМП, кошаркарите на Куманово го претрпеа и вториот пораз во новата сезона на регионалната БИБЛ лига. Вечерва во својата сала, кумановци се совладани од израелски Хапоел Галил со 87:96.
Ако се погледне текот на мечот, Куманово практично не успеа во ниту еден момент посериозно да му се закани на гостинот. Хапоел Г. ја доби првата четвртина со двоцифрена разлика (26:13), за потоа само да продолжи да ја зголемува се до крајот на третиот период.
Куманово некако се „разбуди“ во последните десет минути од средбата, доволно само да се ублажи поразот. Ненад Зивчевиќ имаше импресивни 33 поени, но не доби поддршка од соиграчите. Единствено Холмс го следеше со 14 поени. Кај гостите Ајк и Леви постигнаа заедно 40 поени и со поддршка на Ајсендорф кој додаде уште 15 беа незадржливи во нападот.