Лирија во пет сета го сопре Јанта Волеј, Струмица и Шкендија не знаат за пораз

215

Во вистински дерби дуел на 3. коло, одбојкарите на Лирија им го нанесоа првиот пораз на одбојкарите на Јанта Волеј оваа сезона. Синоќа во еден исклучително долг и неизвесен натпревар кој траеше цели пет сета, Лирија како гостин славеше во Скопје со 3:2 и успеа да ја запре победничката низа на Јанта Волеј од две победи во првите две кола.

Домашните отворија со освојување на првиот сет, но следните два прилично лесно им припаднаа на гостите. Јанта Волеј успеа да се врати со доминантна парттија во четвртиот сет за израмнување на 2:2 и ако и шрто се очекуваше, тотално неизвесна завршница имаше во последниот тај-брејк сет кој на крајот гостите го добија со 15:13 и успеаја да ја однесат победата.

Ланското дерби меѓу Струмица и Вардар, оваа година лесно и убедливо им припадна на шампионите. Струмичани во вториот настап сезонава ја обезбедија и втората победа.

Малку потешка задача имаше Шкендија, која дома го пречека тимот на Штип УГД, но сепак, во три сета дојде до третата сезонска победа за 100% ефект од почетокот на сезоната. Гостите добро парираа во првиот сет, кога успеаја да стигнат до 23 освоени поени, но во следните два Шкендија беше доминантна.

Денеска на програмата се и последните два меча од ова коло.

Прва лига (мажи), 3. коло

Струмица 47&72 – Вардар           3:0 (25:19, 25:15, 25:19)

Шкендија – Штип УГД                  3:0 (25:23, 25:20, 25:19)

Јанта волеј – Лирија                    2:3 (25:22, 16:25, 21:25, 25:18, 13:15)

ГОК Борец – Дибра волеј                           (денеска, 17.00)

Весна Пробиштип – Македонија Џио           (денеска, 18.30)

Слободна е екипата на Универзитет во Тетово

Претходно„Кенгурот“ рече доста е
СледноМоменти за кои вардарци треба да жалат (ВИДЕО)