На Инфантино му се заканува затворска казна!

379

Звучи неверојатно, но сепак така е. Имено на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино му се заканува затворска казна од четири години.

А, за што всушност станува збор?

За ова е “виновен“ спрејот кој што го користат судиите при поставување на живиот ѕид откако ќе се досуди слободен удар.

Врховниот суд во Бразил ја прогласи ФИФА за виновна заради тоа што не ги испочитувала правилата во врска со пронајдокот, односно спрејот.

Имено некој си Пабло Силва и Хаино Алеман, се лицата кои го патентирале овој спреј, но тие никако не можат да си ги наплатат тие 100 милиони долари од ФИФА. Токму затоа сега се води судска постапка, а во случај ФИФА да се прогласи за виновна, тогаш не само што ќе мора да ги плати тие пари туку и првиот човек на таа организација, во случајот Џани Инфантино, ќе мора да одлежи затворска казна во висина од четири години.

ПретходноЗлатан со порака до фудбалерот кој призна дека е геј: Ти си ШАМПИОН!
СледноКристијано чека близнаци, неговата Џорџина е трудна!